ТЕРА

REKLAMA???

ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА ЕКИПА НА ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ДРЖАВЕН ПРВАК

Женската ракометна екипа на Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола е победник на ракометниот турнир на „Гимназијадата 2022“ која е единствен спортски настан за најдобрите спортски училишни екипи од средните училишта во Република Македонија.

Машката ракометна екипа исто така одигра одличен турнир и го освои второто место.

Ракометарките кои се шампиони на Гимназијадата се под менторство на професорите Михајло Сиљанов и Антонио Трпковски.