Најновата песна на Гаро Тавитјан, е со наслов Животот на Надја, (на која тој е автор, аранжер, клавијатурист, продуцент и тапанар). Песната е соработка со култниот светски гитарист и пријател на авитјан, Мајк Стерн, кој претставува еден од најдобрите и најзначајните гитаристи во светот со моќна солистичка кариера прогласен за гитарист на годината во Америка како и во куќата на славните, а сам по себе претставува цел стил во џез и фјужн музиката. Светската компанија Јамаха произведува персонализиран модел на гитара со потпис Мајк Стерн за целиот свет (signature model).

На Бас гостува легендарниот Фернандо Саундерс – басистот (продуцент/вокалист) на Лу Рид, Павароти, Ерик Клептон, Слеш, Јан Хамер, Џеф Бек, Кип Харахан и мн други. Тука е и прекрасната џез вокалистка Кливиа Таниси која соработува со Дејв Векл, Џон Патитучи, Том Кенеди, како и Диран Тавитјан, еден од најврвните клавиристи во џез и фјужн музиката во светот.
„Искрено се надевам дека ке уживате во ова парче музика кое го објавува најреномираниот светски Drum Talk TV Американски медиум кој ја негува тапанарската култура. Посебна благодарност до еден од најдобрите светски тапанари на сите времиња, легендарниот Дејв Векл, (за пријателската поддршка и за снимање на вокалите и видеото на Кливиа), Мајк Стерн, Фернандо Саундерс, Кливиа Таниси, интернационалниот реномиран уметник Надја Петровиќ, за нејзините концептуални ликовни дела во нашите видео проекти и Диран Тавитјан за генијалниот музички удел и енергија во оваа моја песна“, истакна Гаро Тавитјан.
Неда Маретиќ


















