ТЕРА

REKLAMA???

ЗАВРШИ 12-ТО ИЗДАНИЕ НА Д ФЕСТИВАЛОТ

Годинешното издание на Д Фестивалот се одржуваше од 1-ви до 3-ти јули во Дојран. Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето се одржа повторно во полн сјај и во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма досега која се одвиваше низ вкупно 15 различни бини и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-КАМП за фестивалските посетители.

Првиот фестивалски ден, програмата ја предводеа изведувачите чии настапи беа закажани на главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа и Зад Аголот. Во саботната вечер главната бина беше резервирана за Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур Шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер настапија ЗУ, Констракта и Земља Грува, Хладно пиво и Марки Рамон.

Втората по големина фестивалска бина на МОСКИТО СТЕЈЏ, годинава ја имаше најсилната програма до сега во чии рамки настапија Тамикрест, Луфтанза, Џипси Грув и Нејкед бенд во петок, Габриела Чилми, Доуп Куќата, Деменси и Торзс во сабота, Пијан Славеј, Дина Јашари, ОФ-Граунд ансамбл, Калата, но и Златно Славејче во недела во рамките на програмскиот концепт „Д Фамилијарен Ден“. Посебното концертно доживување беше музичкиот храм на Д ФЕСТИВАЛ, односно бината позната како ЧРЧ СТЕЈЏ. Новата македонска музичка сцена имаше свое посебно место, а тоа е СМУТ бината на која годинава по рекордниот број пријавени учесници, во финалната селекција како дел од програмата се запишаа младите одлични групи Беседа, Занаду, Хајка, Манас, Корожн, Преку Ред, Мамут и други.

Секако неизбежен дел од музичката програма беше и електронската ЛЕЈК АВЕЈК бина на Д ФЕСТИВАЛ на која традиционално најдоцна во ноќта се испраќаа и дочекуваа фестивалските денови.