ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНАА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА

Приказната за Велигден и Велигденските јајца започнува со Стариот Завет и е поврзана со прославата на Еврејската Пасха – денот во спомен на израелското ослободување од Египет.  Сета предвелигденска приказна што била инспирација за многу остварувања во филмската индустрија, според Новиот Завет се случува пред Велигден.

Библиската приказна е позната – Исус зборувал за духовното наспроти материјалното, Евреите го натужиле кај римјаните, Јуда го предал за време на Тајната Вечера, Понтиј Пилат го судел, народот пресудил, Исус бил распнат, но на третиот ден тој воскреснал, станал Вечен, а денот Велик.

И Според Светото Предание, мајкиа му Марија и Марија Магдалена сведочат за празниот гроб кадешто Исус бил положен. Во знак на воскресението тие свариле јајца, со црвена боја – јајцата го симболизираат Вечниот круг , а црвената Боја пак – Божјата крв со која Исус ги направил чудата.  На сите им кажале за чудото, а Марија Магдалена пак стигнала и до императорот на Рим – Тиверија,  на кој му подарила црвебно јајце.

Оттука, традицијата и историјата на жените ја има оставено традицијата на објавување на Вечноста којашто Исус ја проповедал во својата мисија. Обичајот налага на изгрејсонце да се започне со бојосувањето.

Малите деца се милуваат по лицето додека спијат со зборовите „Црвено бели, здраво дебело„  Се верува дека овој „ритуал„ ќе им донесе здравје на децата, кои од мали нозе треба да научат за религијата.

Следејќи го примерот на жените кои сведочеле и за животот и за смртта и за воскреснувањето на Исус Христос, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!