ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА ПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА

Започнува празничната магија низ Македонија. Накитени елки, многу светла, насмеани лица.. Општините веќе започнаа да ги красат централните градски јадра.



Меѓу оние кои први ја донесоа празничната магија меѓу своите граѓани е општина Штип. Градот веќе наликува на празнична бајка, а децата најмногу се израдуваа на вечерашниот предновогодишен спектакл под Исарот.

Голем број граѓани се собраа да го проследат моментот на симболичкото „палeње“ на новогодишните светилки, со што Штип и официјално ја отпочна празничната сезона. Илјадниците светилки, раскошните декорации и големата елка создадоа волшебна сцена што го обедини присуството и емоциите на сите генерации.


Сезоната на празници е всушност вистинска прилика за поттик на локалната економија. Всушност бројните божиќни базари низ Европа се организираат токму со таква причина – многу радост за посетителите и приход за локалната економија. Штип е пример дека и македонските општини почнуваат да ги следат европските позитивни практики и цел месец декември да го претворат во месец на славење.