ТЕРА

REKLAMA???

ЗАПОЧНА СЕРИЈАЛОТ „ЧУЈТЕ СРБИ, ЧУВАЈТЕ СЕ СЕБЕ“

Започна уште еден серијал  на емисии на српски јазик во соработка со Српската заедница од Битола.
Oвој циклус на емисии ќе информира за сите актуелни збиднувања,  важни настани и случувањата кои ја пратат оваа година.
Во првата епизода на Тера телевизија, „Чујте Срби, чувајте се“, обработени се следниве интересни содржини:
Прославата на Видовден во организација на Српската заедница од Битола, чии членови секоја година го одбележуваат овој датум со бројни активности.Видовден во суштина претставува ден на жалост па српскиот народ го задржал обичајот  на тој датум да не се пее и да не се игра а во црквите се служат помени за сите настрадани во војните.  Видовден е државен празник во Република Србија и претставува сеќавање на сите загинати во сите војни.
Прогласувањето на новата православна светителка Света Стефанида. Со вечерната богослужба започна служењето на последна панихида за жената Стефка која стана  Света Стефанида Последна панихида тоа е фактички служба за упокоената душа, служба на која свештенството се моли Господ да ги прости гревовите на одредена личност. Тивката и кротка Стефка Ѓуриќ, со оваа последна панихида се издига духовно и пресликува во Света Стефанида која е симбол на духовното единство во православието обединувајќи верници од повеќе земји во една молитва.
Целата емисија може да ја проследите на линкот: