ТЕРА

REKLAMA???

ЗАСЕКОГАШ-НОВА ПЕСНА НА КРИСТИНА АРНАУДОВА

Поп пејачката Кристина Арнаудова се врати на македонската естрадна сцена. Новиот видео запис е со наслов „Засекогаш“.Песната е напишана од Весна Малинова, нејзината драга соработничка, а аранжманот и продукцијата е на Роберт Билбилов.  Видео записот е во режија и продукција на Александар Ристовски Принц.

Таа од пред 10-тина дена, целиот свој материјал и сите албуми, ги “префрли“ во дигитална опција. Така да нејзините фанови можат да најдат, слушаат и стримуваат се од Кристина на сите музички дигитални платформи. За таа совршена технолошка можност, таа потпиша договор со Virginia-Records, како нејзини издавачи за дигитални платформи.

Арнаудова вели дека оваа песна е она што успеало да ја врати во студиото, на музичката сцена.