ТЕРА

REKLAMA???

ЗАСТРЕЛАН ВЛИЈАТЕЛНИОТ СОЈУЗНИК НА ТРАМП, ЧАРЛИ КИРК

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конзервативниот активист и коментатор Чарли Кирк починал откако бил застрелан за време на настан на универзитетски кампус во Јута, пиштува Радио Слободна Европа.

„Големиот, дури и легендарниот Чарли Кирк е мртов. Никој не го разбираше или немаше срце на младите од Соединетите Американски Држави подобро од Чарли“, рече Трамп на Truth Social.

31 годишниот Кирк беше застрелан во вратот во среда на настан на Универзитетот во Јута, рече тој.

Снимките од инцидентот направени со мобилен телефон, кои кружат на социјалните мрежи, го покажуваат Кирк како се обраќа на голема толпа луѓе на отворената сцена на кампусот во Орем, Јута, кога се слушнал силен истрел. Кирк ја преместил раката на вратот додека паѓал од столот, додека луѓето во публиката почнале да трчаат.

На друго видео, може да се види како крв блика од вратот на Кирк веднаш по истрелот.

„Истрелот беше испукан од блиската зграда“, изјави портпаролот на универзитетот за Ројтерс.

Портпаролот на универзитетот изјави дека полицијата нема осомничен во притвор. Претходно, универзитетот соопшти дека едно лице е приведено.

Откако го освои вториот мандат, Трамп му се заблагодари на Кирк за мобилизирањето на помладите гласачи и гласачите од други раси во поддршка на неговата кампања за време на митингот во Феникс во декември.