ТЕРА

REKLAMA???

ЗА КУНОВСКИ Е СИГУРЕН ЗА ВТОР КРУГ, А КАКО ПРОТИВКАНДИДАТ НЕ ГО ГЛЕДАЛ КОЊАНОВСКИ

Советникот Петар Николовски кој е координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Битола во овој состав во заминување, а кој пак е и носител на листата на СДСМ и коалицијата за овие избори, прашан за тоа кој би бил во евентуален втор круг за избор на градоначалник на Битола, на нашето прашање Куновски против кој, вели дека тоа ќе го кажат граѓаните, избегнувајќи да каже кој би му бил противкандидат на нивниот кандидат.

На вториот обид да добиеме одговор оти сигурно прават некакви анкети, тој вели дека анкетите покажувале дека граѓаните не биле задоволни од Тони Коњановски, така што не можел да каже кој би бил влегол во втор куг, но знае дека граѓаните биле желни за промени.

И по трет пат прашавме и по трет пат не добивме одговор, а на прашањето дали Илиевска ќе му недостасува, оти таа вели дека ќе седи на местото каде што е предвидено за градоначалникот кога доаѓа на седница, тој рече:

„Па тогаш нема да ми фали“ кусо коментираше Николовски.