Здружување на ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа. За оваа потреба се разговараше на првата Меѓународна конференција која се одржа во Белград-Србија.
„Беше одлична иницијатива која што претставува уникатна можност за размена на искуства, анализа на работата, постигнувањата на домовите и секако дефитнирање на одредени решенија. Со ова му се даде можност на ученичките и студентските домови да направат еден важен чекор напред во позиционирањето и признавањето на овие институции како стратешки во секоја држава и општество“ вели Елена Спасеновска, директорка на ученичкиот дом „Мирка Гинова“ во Битола.
Воспостувувањето соработка помеѓу нив треба да го подигне нивото на едукации и развој на компетенциите на вработените лица, засновани на современата теорија и пракса на воспитно образовниот процес.
Конференцијата беше поздравена и од претседателот на Собранието на Србија, Владимир Орлиќ, а на неа учествуиава и други министри, амбасадори и претставници на ресорните министерста од земјите учеснички Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Унгарија и од Република Српска.












