Во Истанбул денеска се одржуваат преговори за завршување на војната во Украина. И покрај најавите на средбата во Турција нема да присуствуваат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
Трамп вчера изјави дека во Истанбул ќе отпатува само ако на преговорите присуствува Путин. Откако рускиот претседател изјави дека нема да присуствува на преговорите и Трамп. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.
Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа изјави дека ќе присуствува на преговорите во Истанбул.
„Украина е подготвена на секаков формат на преговори и ние не се плашиме од средби“, објави Зеленски на Икс.
МИА


















