Во рамките на одбележувањето на 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, синоќа се одржа годишниот концерт на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп.

„Чест и задоволство беше да се гледаат нашите прилепски и македонски фолклорни амбасадори.
Честитки за досегашните успеси и ви посакувам уште многу концерти и настапи преку кои што заедно ќе придонесуваме за зачувување и негување на македонскиот фолклор и традиција“ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

















