ТЕРА

REKLAMA???

ЗА ЧЕТИРИ И ПОЛ ГОДИНИ, ПЛАТИТЕ ВО КУЛТУРАТА СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 120 ОТСТО

ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува било што за состојбата во културата, рече режисерката Софиа Ристевска на прес конференција на СДСМ.

„Цели 11 години оваа партија ги потценуваше и манипулираше културните работници и потроши стотици милиони евра за споменици, фасади и лажен барок со цел да направи културен инжинеринг.

Додека ВМРО-ДПМНЕ културните работници ги сведуваше на административни чиновници, Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и уметниците.

Во овие четири и пол години, платите во културата се зголемени за околу 120 отсто споредбено со времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако еден актер од втора група имал плата од 27.579 денари, денеска тој добива плата од 39.735 денари, актер првенец земал само 34.402 денари, а денеска зема 52.061 денар, вработен во гардеробер за театарски костим имал плата од минимални 14.818 денари, а денеска таа изнесува 22.480 денари“ вели Ристевска.

По однос на колективниот договор, Ристевска вели дека во културата цели 19 години немало никаков колективен договор. Тој бил потпишан во 2019 година после долги години непотпишување на истиот од страна на ВМРО ДПМНЕ, додава Ристевска.