ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНСКИ ПОБАРА РУСИЈА ДА БИДЕ ИСФРЛЕНА ОД СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати пред Советот за безбедност на ОН, при што на самиот почеток рече дека говори во име на жртвите на руската инвазија.

Говорејќи пред Советот за прв пат откако Русија ја нападна Украина, тој рече дека руските војници убивале цивили и силувале жени, при што ја обвини Русија за геноцид.

Тој започна од Буча и потоа ги набројуваше злосторствата за кои тврди дека руските сили ги извршиле за време на инвазијата.

Зборувајќи пред Советот за безбедност на ОН преку преведувачи, тој рече дека во градот Буча, чии грозоморни снмки го обиколиј светот „нема ниту едно злосторство што не е извршено“.

Тој тврди дека луѓето биле убивани на улица, во нивните домови, фрлани во бунари и газени од тенкови на сред пат „само од задоволство“, за што прстот го посочи кон руските војници.

Тој го повтори своето тврдење дека дејствата на Русите наликуваат на терористичката група Исламска држава и дека пропагандата на претседателот Путин се обидува да ја „извезе“ сопствената омраза во други земји надвор од Украина.

Тој вели дека светот допрва треба да види какви воени злосторства може да извршила руската војска во другите делови на Украина, покрај оние во Буча.Претседателот Зеленски бара Русија да се соочи со одговорност, велејќи дека треба да биде изведена пред меѓународен трибунал сличен на оној во Нирнберг по Втората светска војна.

Светот допрва треба да ја дознае целосната вистина, додаде тој и ја доведе во прашање улогата на Русија во ОН, велејќи дека инвазијата ја „поткопува“ целата архитектура на глобалната безбедност.

Тој го повика Советот да ја исфрли Русија од Советот за безбедност.

Амбасадорот на Москва во Советот за безбедност, Василиј Небенсја, го отфрла сето тоа. Тој зборуваше за „неосновани обвинувања“ и лаги. Нема сведоци за она што го тврди Зеленски, а телата на фотографиите од Буча не биле таму кога руските трупи се повлекле од градот, тврди Небенсја, додавајќи дека за тоа постојат видео докази.

Тоа, за повеќето дипломати во салата, претставува извртување на фактите. Русија напаѓа украински цивили и нивни установи, како болници и училишта, рече амбасадорот во ОН, Олоф Скоог, во име на сите ЕУ-држави. „Овие воени злосторства мора веднаш да запрат. Одговорните ќе бидат повикани на одговорност според меѓународното право“, рече тој.

Дипломатите оценија дека седницата на Советот за безбедност е важна поради тоа што би требало да помогне против руското извртување на факти во врска со повредите на човековите права. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш побара независна истрага на злосторствата.