ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКА: ВЕСНИКОТ НА „ПОИНАКУ“ ГИ НАЈАВУВА ПРОМЕНИТЕ

Се случи промоцијата на кандидатката за градоначалничката на Битола, носителот на советничката листа и кандидатите за советници од „Поинаку“.

На промоцијата рекоа дека весникот на „Поинаку“ и на овие избори ги најавува промените. Беше речено дека ја продолжуваат борбата против, како што велат партиското уништување и запоставување на Битола, против потценувањето на битолчани, неработењето и неправилните одлуки…

„Го немаме буџетот на Вашингтон, па да ви ветувам невозможни работи, но можам да ви ветам дека сите пари на граѓаните, ќе се користат за граѓаните, крајно време е да ја исчистиме, да ја средиме и да си ја вратиме Битола”, порача Габриела Илиевска, независна кандидатка за градоначалник на Општина Битола на промоцијата.
На промоцијата се обратија и носителот на листа на кандидати за советници Миле Трајковски и актуелните советници во Советот на Општина Битола Иван Чулакоски и Алмир Адемоски.
На промоцијата беше презентирана програмата на граѓанската иницијатива Поинаку, во која како приоритети се издвоени:
– не за депонија за 18 општини
– нови улици низ цел град во еден мандат
– чиста и зелена Битола
– набавка на нови камиони за собирање на отпад
– изградба на гондола од Битола до Пелистер
– бесплатен јавен превоз за сите
– без бездомни кучиња на улиците
– нови паркинг простори и катни гаражи
– игралишта и мини паркови во секое училиште и населба
– шалтер центар за жени и деца жртви на семејно насилство.
И додаваат дека без заплашувања, без лажење и крадење, без поткупи, тендери и вработувања, без партиска машинерија, без народни пари „Поинаку“ во изминатите години покажа дека можи и мора да се работи транспарентно и во интерес на граѓаните.