Градиме патишта за силна економија, вака на прес конференција рече канидатот за пратеник од СДСМ и Коалицијата, Методија Илиевски.
Тој вели дека во следниот мандат преку “Програмата за поврзување со локални улици и патишта” ќе реконструираат нови 250 улици и патишта во Македонија.
„Владата на СДСМ инвестира во реконструкција на улици и патишта кои што се од голема важност за стопанството во Општина Битола, како што е улица Индустриска. Со пари од Светска банка доделени на Општина Битола од Владата на СДСМ оваа улица ќе биде реконструирана.
По примерот на реконструкција на патот Битола-Меџитлија, Битола-Новаци, ќе продолжат да се реконструираат голем број на локални и регионални патишта во наредниот мандат“ рече Илиевски.











