ТЕРА

REKLAMA???

„ИЛУЗИЈА“ НОВА КОЛЕКЦИЈА НА НАКИТ НА НАДИЦА ДИМИТРОВСКИ

Нејзините креации се едноставен накит, минималитички, а истовремено моќен дизајн, се она што ги одбележува креациите на Надица Димитровски.

„ Создавањето на дизајнот почнува од потребата за него, во таа насока јас лично почувствував потреба и цела моја креативна енергија ја канализирав во дизајн и рачна изработка на накит“, ова го изјави битолската дизајнерка чии креации се купуваат и низ Европа.

Таа е основач на брендот за креативен и авангарден накит „Креација“. Најновата колекција накит е со наслов „Илузија“.

За инспирацијата вели дека е насекаде околу неа, околу нас, архитектура, филм, танц, музика, културно наслество, едноставно тоа што не опкружува, а таа инспирацијата ја преточува во парче уметност. 

„Инспирацијата за новата колекција е делумно лична, моја илузија…Еден мал сјај, како отсјај што стои на голиот и остинат бетон, силно ме инспирира да ја создадам оваа колекција. Таа моја илузија од градското сивило  изникна во парче накит исто како трева низ распукан асфалт.

Во колекцијата вметнав елементи кои ја менуваат призмата на сивилото. Во дизајнот и овој пат базична е полимерна глина со изразена текстура во ладен тон и детали кои даваат израз на урбана естетика. “, вели Надица.

,,Илузија‘‘ е наменета за сите кои сакаат авангарден и впечатлив накит.

Фотосесијата за новата колекција  ја отсликува инспирацијата преку моден концепт кој визуелно акцентира контраст, мраз и жар. Во истата учествуваше покрај Надица и Валентин Дамчевски.

Претходно Надица ја промовираше колекцијата марами Хера под мотото :,, Нашето културно наследство може да биде модерно и јас со гордост ќе го носам”. Околу тоа дали ќе има повторно колекција инспирирана од културно наследство како претходните Златен век и марамите Хера вели: „ Да, веќе подолго време ми стојат  во фиока скиците за колекција брошеви инспирирана од македонското движно наследство од античко време. Сега имагинацијата ми е зрела за интерпретација така што за многу скоро ќе биде изработена и изложена“.