ТЕРА

REKLAMA???

„ИМА ЉУБОВ ВО НАС“ НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА ДАНИ ДИМИТРОВСКА

По две години пауза од музичката сцена во Македонија, Дани Димитровска се враќа во полн сјај со нова песна и видеоспот „Има љубов во нас“.

Песната ја потпишува Весна Малинова, со која Дани соработува долги години. Промоцијата на песната и видеоспотот поминаа одлично, со веројатно истото чувство на воодушевување кај сите. Дани нѐ потсети на нејзината рокерска нишка, со која некако сите ја поврзувавме.

Соработката со Весна Малинова уште еднаш резултира со искрена и емотивна музичка приказна, која, пак, Дани, како што самата вели, мајсторски ја пренесува.Материјалот за новиот албум е веќе 60 отсто готов, а фокусот на Дани овој пат нема да биде на тоа, како ќе биде прифатен, туку како таа ќе го презентира пред публиката.

Кога новиот материјал ќе си го најде патот до слушателите, следниот чекор е искуството на концертно доживување на она што било снимено во студио.