Јавното претпријатие „Паркинзи“ Битола информира дека заради потребите на ИФФК „Браќа Манаки“ паркингот наспроти Центарот за културата на ден 20.09. од 06 часот наутро до 23 часот нема да работи како вообичаено.
„Воедно апелираме сите корисници со договори за возилата да најдат алтернативни решенија на паркинг зоните во близина“ стои во соопштението.