ТЕРА

REKLAMA???

И ВРАБОТЕНИТЕ ОД БИТОЛСКАТА ПОШТА ЌЕ ШТРАЈКУВААТ

 

Синдикатот на Македонска пошта најавија дека  на 14 април  ќе стапат во генерален штрајк, доколку во меѓувреме не бидат исполнети поставените барања за итно и неодложно линеарно покачување на нето платите на вработени во износ од 3 000 денари. И вработените од битолската подрачна единица на АД Пошта ќе дадат поддршка на штрајкот, вели за Тера ТВ претседателот на Синдикатот Игор Петковски.

Пред два дена тие ги  соопштија нивните барања, односно линеарно зголемување на платите за 3000 денари, подобри услови за работа и нова систематизација на работните места. Добија поддршка и од првиот човек на ССМ Дарко Димовски. 

Генералниот штрајк на вработените ќе се одржи со почеток во 8 часот на нивните работни места во македонска Пошта и низ целата држава во сите подружници.
Штрајкот ќе трае се додека не се исполнат нивните барања ни пренесе претседателот на СМП подружница Битола Игор Петковски заедно со претседателот од ССПМ Стевче Павловски.