Утрово најстудено со -2 степени беше во Берово, Попова Шапка, 0 Скопје-Петровец, Струмица, Штип, Куманово, Крива Паланка, Маврово, 1 Прилеп, Битола, Виница, Крушево, Лазарополе, 2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Демир Капија, 3 Претор, 4 Охрид, Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта и утрово времето беше умерено до значително облачно со слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска променливо облачно со повремен локален дожд, главно со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 18 степени. Во Битола до 16 степени.
Утре променливо облачно време со сончеви периоди, во утринските часови со локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно, претежно во западните делови со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува засилен југоисточен ветер (со брзина и над 70 км/час)












