Александар Палигора поднесе опставка од член на ИО на ОО на СДСМ Битола. Претходно поднесе оставка и претседателот на ОО на СДСМ Битола Методија Куновски.
„Почитувани, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата член на Извршен Одбор на Општинската Организација на Социјалдемократски Сојуз на Македонија-Битола, одлуката не беше лесна за мене, во изминатата година како член на Извршниот Одбор вложив многу од себе, време, енергија, емоции, наидов на тешки ситуации, оваа одлука не е донесена набрзина туку по внимателно размислување и анализирање на сите случувања во последниот период во Социјалдемократски Сојуз на Македонија особено по локалните избори 2025, од тука сметам дека е неопходна одлуката за повлекување, останувам член на Социјалдемократски Сојуз на Македонија и борец за Социјалдемократијата! Искрено искажувам благодарност на укажаната можност и доверба на Претседателот Методија Куновски да бидам дел од Извршниот Одбор, се заблагодарувам и на сите членови и симпатизери на Социјалдемократски Сојуз на Македонија со кои во изминатиот период имавме соработка.
Социјалдемократски Сојуз на Македонија е државотворна партија и е поголема од сите нас.
Да живее Социјалдемократски Сојуз на Македонија, да живее Македонија.“-информираше Палигора.
И ПАЛИГОРА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ИО НА СДСМ БИТОЛА

















