ТЕРА

REKLAMA???

КАЗНИ ЗА ВАНДАЛИТЕ И НОВИ АВТОБУСКИ ПОСТОЈКИ БАРААТ ЖИТЕЛИТЕ НА БРУСНИЧКА

Автобуските постојки во Брусничка населба се мета на вандали. Ова го посочија жителите на Брусничка населба за време на посетата на возилото „Глас за градот“ како дел од иницијативата на Тера телевизија со која секој граѓанин може да укаже на проблем или да предложија идеја за поубава и посредена Битола.

Бараат нови автобуски постојки бидејќи постоечките се видливо руинирани и искршени. Но исто така бараат и казни за вандалите, бидејќи велат и нови да се постават ако нема контроли и казни лошите искуства ќе се повторат.

Еден од жителите побара нови улици низ Брусничка населба и санирање на ударните дупки. Велат дека за тоа најголема потреба имаат споредните улички каде видливо е дека различните временски услови влијаеле на асфалтот.

Еден од проблемите на кој посочија локалните жители е насобирање на смет во објект во градба, но кој долго време не е завршен, а бидејќи е отворен се полни со смет.

Не упатија и на блиското игралиште и побараа поголема хигиена во околината.

Нашето возило и во наредните денови ќе биде меѓу битолчани.

Секој може да посочи на она што смета дека треба да се направи во градот и за граѓаните.