Какви перспективи има текстилната индустрија, особено кога ќе се земе во предвид со какви предизвици се соочува овој сектор. Ова е едно од клучните прашања на кои се фокусирани текстилните работници. Сепак, велат дека време е да се надминат предрасудите дека текстилот е најниската гранка. Напротив, велат дека и покрај конкуренцијата со која се соочуваат на светско ниво од една страна и ниските цени од друга страна, македонскиот текстил се одликува со висок квалитет.
Оние кои со децнии својата професионална кариера ја градат во делот на текстилната индустрија се надеваат дека кај младите ќе има доволно интерес за оваа дејност не само да преживее, туку и да напредува.
Македонските текстилни компании најчесто работат на лон прозиводство, а нивните прозводи се дел од производното портфолио на реномирани светски компании.
КАКВИ СЕ ПЕРСПЕКТИВИТЕ НА ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА



















