ТЕРА

REKLAMA???

КИКО ИЛИОВСКИ ВТОРОПЛАСИРАН НА ВМУ ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ ВО РОМАНИЈА

Мотокрос шампионот Христијан Илиовски вчера пак ја израдува израдува со ново искачување на пиедесталот, овој пат во Романија. Тој го освои второто место, во исклучително силна конкуренција и после пет години пауза од вакви големи интернационални натпревари.

Кико возеше на БMУ Европскиот мотокрос шампионат и блесна во новата сезона. Ова е неверојатен кам-бек на овој наградуван спортист, кој изминатите години паузираше заради немање на поддршка во тоа што најдобро го прави, возењето на крос-мотори.

„Се враќам на старите патеки, со нови успеси после подолга пауза. Ова е како нов убав сон и пресреќен сум”, напиша Кико на своите социјални медиуми кафе се заблагодарува на клубот, спонзорите, фановите и неговото семејство.

Кико направи неколкугодишна пауза, заради немање никаква поддршка за да може да се занимава со овој скап спорт.