Премиерот Димитар Ковачевски ги испрати фудбалерите за Порто каде вторник играат против репрезентацијата на Португалија.

Тој влезе во авионот пред полетувањето им посака среќа и им вети 500.000 евра премија за пласман на Македонија на Светското првенство во Катар.
„Здраво шампиони. Она што го направивте е резултат на макотропна работа. Одлучено е да имате 500.000 евра премија од владата за пласман на СП. Многу среќа“ им рече Ковачевски.


















