ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ГЕРМАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВО ВЕТЕРНИОТ ПАРК БОГДАНЦИ

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, го пречека претседателот на СР Германија, Франк Валтер-Штајнмаер, во Ветерниот парк Богданци, електрана од обновливи извори изградена со финансиска поддршка преку поволна кредитна линија на германската државна КФВ банка.

Претседателот Штајнмајер при посетата ги разгледа ветерниците и се запозна со активностите од втората фаза на ветерниот парк која е во тек, за поставување на дополнителен број ветерници и зголемување на инсталираната моќност на капацитетот, а со тоа зголемување на неговото производство и на процентот на обновливи извори во портфолиото на АД ЕСМ.

И втората фаза од проектот е овозможена со финансиска поддршка преку КФВ банката.

Генералниот директор Ковачевски и директорот за Развој и инвестиции Благој Гајдарџиски го информираа германскиот претседател и за другите проекти на АД ЕСМ во чие финансирање има удел германската банка за развој и инвестиции.

Директорот Ковачевски при средбата му подари на претседателот Штајнмаер филигран од стариот Камен Мост во Скопје.