ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: НАШАТА ОДЛУЧНА БОРБА ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ПРОДОЛЖУВА И НА 8 МАЈ

„Упатувам порака до претседателскиот кандидат Стево Пендаровски, поддржан од граѓаните и Коалцијата за европска иднина: Ова е наша заедничка борба, ќе се бориме рамо до рамо, бидејќи ова е најважната битка за европската  иднина. Нашата цврста и одлучна борба продолжува и на 8 Мај кога не очекува вториот круг, како и изборите за пратеници,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Тој посочи дека ова е само прв круг, вториот круг е за две недели кога се очекуваме и подобар резултат. Тој дополни дека на овие избори имаше најголем број кандидати за претседател, седум. Како и дека најголемиот дел од кандидатите се од левиот и центар политички блок.

„СДСМ  како и коалицијата се обединети околу идејата за европска Македонија и презентирање на програмата пред гласачите. Се гледаме од утре на средби со граѓаните и за две недели на втор изборен круг,“порача Ковачевски.

Запрашан дали по овој резултат на парламентарните избори СДСМ очекува поблаг пораз, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговори дека на изборите учествува за да победи.

„Ние на овие избори не учествуваме како на Олимписки игри, каде е важно да се учествуваме, туку учествуваме на изборите за да победиме“ рече Ковачевски.

Тој додаде дека ова е само првиот круг од претседателските избори и дека на вториот круг очекува значително подобар резултат.

„На овие избори имаше најголем број кандидати за претседател, дури седум. Ако ги погледнете кандидатите ќе видите дека најголемиот дел од нив се од левиот и центар политички блок“ рече Ковачевски.