ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: ГО ПОТВРДУВАМЕ НАШЕТО ЕДИНСТВО И СОЛИДАРНОСТ

Денеска го одбележуваме 4 април, 73 години постоење на најмоќниот безбедносен и воен сојуз НАТО, синоним за највисоките демократски вредности, рече премиерот Димитар Ковачевски обраќајки се на трибината по повод Денот на основањето на НАТО, 4 април, којашто се одржа во организација на Евроатлантскиот Совет.

„Република Северна Македонија го слави овој ден, заедно со своите сојузници со посебна гордост и со полно право како 30-та земја членка на Алијансата.

Денес потсетуваме дека руската воена агресија во Украина е неиспровоцирана и неоправдана и истовремено е сериозно кршење на меѓународното право и брутално загрозување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Истовремено, заедно со нашите сојузниците ќе се справуваме со сите конвенционални и хибридни закани за сигурноста, безбедноста, и за мирот во светот.

Посветени сме заедно да градиме просперитетно, безбедно, мирно и слободно општество. Тоа се вредности на земјите членки на НАТО и на Европската Унија. Тоа се вредностите на граѓаните на Северна Македонија“ рече премиерот Ковачевски.