ТЕРА

REKLAMA???

КОВАЧЕВСКИ: СО ИЗМЕНИТЕ НА УСТАВОТ СЕ ИСТАКНУВА ИСТОРИСКАТА ЗАСЕБНОСТ НА МЕКЕДОНСКИОТ НАРОД

Со уставните измени се истакнува историската засебност и уникатност на македонскиот народ од другите народи, рече премиерот Димитар Ковачевски, во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

„Со тоа што во Уставот е посочено на македонски народ и делови од народи, со овој предлог се додаваат во продолжение другите делови од народи, недвосмислено е истакната примарната уставотворност на македонскиот народ, како и објективната културолошка, историска и нормативна засебност и уникатност на на македонскиот народ од другите народи, вклучувајки го во овој контекст и бугарскиот народ“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање.

Тој додаде дека уставните измени не загрозуваат ниту едно македонско идентитетско прашање, а предлогот за измените ги продолжуваат и интензивираат процесите на патот кон целосна интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

„Затоа, граѓаните нема за што да бидат загрижени. А на нас, како одговорни носители на јавни функции е обврската тоа добро да го објасниме. И да носиме мудри одлуки, што отвораат перспективи, а нема да ја заглават државата во нова многугодишна изолација“ додаде Ковачевски. Премиерот појасни дека предложените интервенции во Уставот се однесуваат на додавањето делови од народи во Преамбулата и во членовите 49 и 78 од Уставот при набројувањето на делови од народи кои живеат во нашата држава.

ЕУ потврди дека нема да има подобоар договор и друга преговарачка рамка, рече премиерот Ковачевски.

„Вистината е дека нема да има подобар договор, нема да има да има нов договор, нема да има друга преговарачка рамка. Ова не го вели Владата, не го велам јас – го вели Европската Унија“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото обраќање пред Комисијата за уставни прашања во Собранието.

Тој додаде дека добрососедските односи се дел од сите пристапни процеси, бидејки интерес на Унијата е да има добрососедски односи, заради стабилноста и економијата.

„И затоа при сите досегашни пристапни преговори, прогресот на државите аспирантки се оценувал и според добрососедските односи и според реформите. Така е со нас и досега, како земја кандидатка, при оценките во извештаите на Европската комисија за постигнатиот напредок. Но, добрососедските односи се друго. Тоа е сосема одвоено од билатерални прашања, како што се историјата и идентитетот“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека искуствата на земјите членки покажуваат дека идентитетот во пристапните преговори само се потврдува и зајакнува, а фокус на преговорите се реформите во борбата со корупцијата, правосудството, владеењето на правото, екологијата, економијата.

„И повторно, ова не го вели Владата, туку го велат нашите сојузници и партнери од ЕУ. Затоа, пред да се донесе некоја одлука, мора да се има превид, што се добива, а што се губи со неа“ рече Ковачевски во обраќањето пред пратениците.

Да бидеме разумни, совесни, чесни и да се водиме од интересите на граѓаните, порача Ковачевски.

„Во ова Собрание, вклучително и во оваа просторија се дебатирале и се утврдиле и порано многу важни уставни измени. Најважно е да се биде разумен, совесен, чесен и да се водиме од интересите на граѓаните, минати, сегашни и идни генерации“ рече премиерот Ковачевски

Тој повика на дебата со аргументи, со силата на визијата, со потребата за чесноста и желбата за успех на сите граѓани.

„Ако така започнеме, ќе успееме да се слушнеме и да постапиме и одлучиме заеднички. Изминатата година, од опозиционите политички партии се изнаслушавме за катастрофи, апокалипси, пропасти. И ништо од тоа не се случи. Немаше асимилација, немаше бугаризација, ништо“ рече Ковачевски.

Премиерот повика да не се мисли само на лични кариери и позиции, да не се плаши народот со измислени сценарија, да не се сонуваат некои минати времиња, туку заради државата разумно, одговорно и совесно да се делува. „Тоа може да се направи, ако се сака.

Одлуката е Ваша и само Ваша. Јас, СДСМ, Владата сме на страната на обединувањето, прогресот, на вистинскиот браник на македонскиот вековен индентитет и засебност“ рече Ковачевски пред пратениците.