ТЕРА

REKLAMA???

КОВИД ИМА, НЕ Е МНОГУ

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот позитивни случаи на Ковид 19 во однос на минатата недела. Засега бројот не надминува процент на опасност, но експертите сакаат да се знае дека треба да се почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции.  Зошто го има?

Ако има нешто што е предвидливо за вирусот што предизвикува СОВИД-19, тоа е дека тој ќе продолжи да се развива и да наоѓа нови начини за инфицирање – и повторно заразување – на светската популација, велата аналитичарите на здравствените политики во светот.

Светските експери вирусолози досега регистрираат многубојни мутации на вирусот кои се подваријанти на омикрон, последниот кој предизвика поголем и видлив проблем на светската популација. Според СЗО од Корона вирусот доминатните варијанти се насловен КП 2 и КП3 и, немаат голема преносливост но имаат доволно влијание за да предизвикаат имунолошка евазија.

Варијантите ги нрекуваат ФЛИРТ, а мутациите се случуваат на протеинот на вирусот кој се закачува на човечките клетки и ја предизвикува болеста.

„Антителата што се активираат или од вакцинација или од инфекција обично траат три до четири месеци, забележуваат вакцинолозите  од  Катедрата за меѓународно здравје на Школата за јавно здравје при Медицински факултет во Балтимор, САД.

Причината зошто случаите на СОВИД-19 се зголемуваат ова лето е веројатно затоа што луѓето кои не биле неодамна вакцинирани или инфицирани имаат помалку антитела подготвени да се борат со првиот знак на вирусот и имаат поголема веројатност да ги искусат неговите симптоми, вклучително и треска. треска, болки во грлото, кашлица, конгестија, болки во телото, гастроинтестинални проблеми и замор.“ – пишува весникот на Асоцијацијата на американски медицински колеџи (ААМЦ).

И покрај препораките на Американската агенција за лекови и храна (ФДА) за производство на ажурирани вакцини, ниту една од компаниите кои беа актуелни за време на пандемијата – Фајзер, Бионтек, Модерна, не може да направи вакцина која ќе биде ефикасна повеќе од 3-4 месеци, ниту пак може да гарантира дека вакцинираниот со т.н пролетна ажурирана вакцина нема да се разболи од летниот Корона вирус. Згора сите признаа, на еден или друг начин, дека вакцините развиени во 2019/2020 година предизвикуваат одредени имунолошки односно здравствени проблеми. Засега, препорачано е лицата од висок ризик: над 65 годишна возраст, болни од астма , бремени и дебели, доколку сметаат дека стапиле во контакт со заболени, да се тестираат и ако се позитивни, да користат антивирусни лекови . Во САД тоа е Paxlovid.

Уште една работа е многу важна: правилата, односот кон болеста се променети. Лекарите сега препорачуваат ковид да се третира како било која друга болест на горните респираторни органи што се манифестира со треска , висока температура и кашлица.

Кај нас

Во Македонија, според информациите на Радио слободна европа, во неделата до 13 август имало 250 пријавени случаи, кои се третираат амбулантски.  Комисијата за аразни болести потсетува дека вакцинацијата е најважната превентивна сила што може да се употреби, а заедно со тестирањето исклучуво според индикација – најдобриот начин за потврдување на заболувањето.

Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.

 

фотографии: ФДА/ ПАХО