ТЕРА

REKLAMA???

КОЛКУ ПАРИ ЧУВААТ ГРАЃАНИТЕ ВО БАНКИТЕ

Заштедите на граѓаните се доближуваат до бројката од 7 милијарди евра, што претставува годишен раст од 13,6%. Станбените и потрошувачките кредити и натаму се најбарани.

Податоците на Народна банка покажуваат раст од 13,2% на вкупните депозити и раст од 13,5% на вкупните кредити. Речиси идентичен годишен раст има кај депозитите и кредитите во месец септември.

Растот на депозитите е поголем кај домаќинствата, додека за компаниите е карактеристично што тие повеќе се задолжувале кај банките.

Иако и во Македонија на располагање на граѓаните им се повеќе финансиски инструменти каде што можат да ги оплодуваат средствата со кои располагаат, сепак статистиките покажуваат дека Македонците најчесто се решаваат за орочување на парите во банка. Банкарските податоци покажуваат и дека поголем дел од заштедите се во денари, што значи дека довербата во домашната валута е стабилна.

Во септември е забележен месечен раст на вкупните депозити од 0,3%, во целост поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, додека депозитите на корпоративниот сектор се намалени.

„Притоа, растот кај домаќинствата во најголем дел се должи на зголемените депозитни пари, долгорочните депозити во денари и краткорочните депозити во странска валута“, посочуваат од Народна банка.

Кога зборуваме за типот на кредитите, најбарани од граѓаните се потрошувачките и станбените кредити. Во септември оваа година потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%. На годишна основа кај овие кредити има раст од 10,2% и од 16,1%.

Анализите покажуваат и дега граѓаните сега веќе помалку се одлучуваат да се задолжат кај банките за да земат кредит за купување автомобил. Така кај автомобилските кредити има годишен пад од 0,6%.