ТЕРА

REKLAMA???

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОВЕТ НА БИТОЛА, БОЈАН БОЈКОВСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ

Денеска Битола го доби новиот Совет и претседател на Совет.

На седницата се измешаа свечениот тон и контроверзниот, поврзан со придавката Северна на државата Република Македонија впишана во Заклетватаи и, наводно бугарскте букви во изјавите со кои лично избраните советници се обврзуваат дека ќе работат според Уставот и законите.

Првин беа верификувани мандатите на новоизбраните советници и беше избран нов претседател.  А потоа следуваше изразувањето на јасниот политички став од советникот Гаврил Трајковски од Левица, што доведе до паѓање на свечениот дух и негова замена со напнатост.

„Сметам дека оваа изјава ( заклетва н.з) треба да се смени бидејќи според Законот за локална самоупрва, член  38, изостанува придавката Северна. Знам дека минатата година ДПМНЕ го промени Статутот и Деловникот за работа со наставката Северна, но Законот за локална самоуправа е повисок акт и ќе се повикам на него, да го испочитуваме истото и, ќе ги замолам службите да ги сменат сите изјави бидејќи истите се напишани со бугарски фонт, а ние, за нас, официјално писмо е Кирилицата. “ – рече од говорница Гаврил Трајковски.

Политичкиот став на Левица не наиде на никаква реакција од новоизбраниот претседавач Бојан Бојковски.  Напротив, по заклетвата,  на службениците им посочи да продолжат со прибирањето на свечените советнички изјави потпишани од советниците поединечно и, продолжи со седницата на која имаше 23 точки на дневен ред. Советниците на Левица ниту ја потпишаа ниту ја предадоа својата свечена изјава. Претседавачот не презеде активности кои би значеле уважување на барањето.

Ова беше свечена седница, на која присуствуваше и градоначалникот и гости од збратимениот Стари Град. Тони Коњановски им честита на избраните советници што се избрани во Советот, го честита и празникот 4 Ноември „некако оваа конститутивна седница дојде вистинскиот момент можеби да се вклопи во оваа празнична атмосвера што ја имаме. Довербата која ни ја дадоа граѓаните сега е уште поголема зборувам во мое лично име. Сите сме заедно во оваа приказна која се нарекува Битола, сите со свои идеи и размислувања, со своја љубов кон градот се со единствена цел да си направиме подобра средина за живот, поубав град во кој и ние и генерациите кои доаѓаат, нашите деца, нашите потомци навистина ќе ги уживаат плодовите.“  – рече градоначалникот на Битола.

Текот и на оваа како и другите конститувни седници го диктира Законот за локална самоуправа, па така, според нормите седницата ја започна највозрасниот советник Јагода Талеска од ЗНАМ. По изборот на верификационата комисија и верификација на мандатите се пристапи кон полагање на заклетвата. За нов претседател на Советот, благодарение на мнозинството на голасови на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција, беше избран Бојан Бојковски.

 

Со гласањето за претседавачот со седниците односно претседателот на Советот на општината се постави и првата сцена на конфронтација на различните политички партии кои ја добија довербата – Бојан Бојкоски е претседател избран со 18 гласови „за“, 11 „против“ и 2 „воздржани“.  Најави цврсто раководење со активностите на Советот.

„Со голема чест и одговорност ја прифаќам должноста да бидам претседател на Советот на општина Битола’ – рече тој заблагодарувајќи се на сите за укажаната доверба во својот говор и додаде „Ова не е само чест туку и обврска да работиме посветено, одговорно и искрено во интерес на сите Битолчани. Во овој мандат нашата цел е јасна – проект повеќе за Битола. Очекувам и се надевам дека во овој Соввет одлуките ќе ги донесиме со консензус, едносгласно и во интерес на сите граѓани. Заедно со градоначалникот, општинската админстрација, директорите на јавните претпријатија , училиштата и градинките треба да бидеме партнери и блиски соработници. Дискусијата во Советот мора да се подигне на повисоко ниво. Советот треба да биде пример за достоинствена и конструктивна дебата во интерес на граѓаните а не поле за лични пресметки. Пред нас стои задача да го унапредиме Деловникот за работа на Советот на општината. Она што наназад години го баравме како битолчани од владата на Република Македонија сега е реалност и, таа е наш вистински партнер во процесот на развојот на општината. Апелирам до сите градежни компании што ги изведуваат проектите од општината – почитувајте ги договорените рокови и стандардите за квалитет. “ – рече новиот претседател на Советот, Бојан Бојковски.

Дали ќе успее во намерата сите советници да работат за интерес на граѓаните, без непотребно трошење на времето на лични навреди и критизерство, или, налик на денешната реакција на Левица, советот пак ќе биде заложник, ина симболични прашања? Дали денешното игнорирање од мнозинството ќе биде тонот за секое прашање во следните четири години? Дали ќе има непотребни политизирања или пак реално оправдани реакции и блокади од страна на опозицијата?

Ова се прашања на кои од месец во месец, на секоја од седниците ќе се отвора различното сценарио. Денеска до крајот на седницата едногласно беа избрани членовите комисиите преку кои работи Советот на општината, а претседателот Бојкоски најави и дека утре (6.11.2025) во 13.00 часот ќе има вонредна седница по барање на градоначалникот со поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на која треба да се зборува за прием на грант.

Избраните кои со градот ќе управуваат во следните 4 години на своите столчиња за добредојде пронајдоа кеси со тефтер-роковник и пенкало од рекламниот материјал на општината и прашалник во кој ги ставија своите генералии и личните трансакциски сметки.

Според паушалот кој го земаат советниците, денеска тие потрошија 868.000 денари или 14.000 евра.