ТЕРА

REKLAMA???

КОСТАДИНОВСКА-СТОЈЧЕВСКА ДЕМАНТИРА ДЕКА СОВЕТНИЦИТЕ БИЛЕ ПРОТИВ НЕА

Потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Директно“ на Тера ја демантира ВМРО ДПМНЕ дека советниците од нејзината партија во Советот биле против неа и затоа не гласале за парите за „Парк“.

Негира дека координаторот Илиевски со советниците од СДСМ не гласале за „Парк“ заради внатрепартиски кавги околу кандидатските листи и наводно несогласување со неа.

Објаснува што било грешката кај Општината и Советот со парите за „Парк“.