По серијата порази кои ги разочараа фановите на фудбалскиот клуб Пелистер, денеска до првиот човек на клубот ги испративме следните прашања.
-Каква стратегија ќе преземе ФК Пелистер по неколкуте порази кои ги разочараа фановите?
-Кои се причините за разрешување на Капинковски и дали ќе има и други промени во клубот?
-Колкава финансиска поддршка има клубот и од каде доаѓа таа? Дали поддршката е само од општината или и од спонзори?
-Какви се натамошните планови на клубот?
-По петтиот последователен разочарувачки резултат и отказот на тренерот Капинковски — како ја објаснувате својата одговорност како претседател на клубот за лошите перформанси на Пелистер?
-Како е можно управата, на чело со Вас, со рекорден буџет од 1 милион евра, да дозволи клубот да се најде во зоната за испаѓање со само 7 бодови од 27 можни?
-Кој ја донесе одлуката за раскинување на договорот со Капинковски и според кои критериуми се носат вакви одлуки во клубот?
-Во јавноста веќе кружат информации за можни кадровски решенија —особено за помошниците тренери. Можете ли да потврдите дали навистина се размислува за одредени имиња, и кои се вашите планови за новиот стручен штаб?
-Што ќе преземете лично како претседател за да го стабилизирате клубот и да ја вратите довербата на навивачите пред ситуацијата да стане неповратна?
До овој момент сепак од првиот човек на ФК Пелистер не успеавме да обезбедиме телевизиска изјава како одговор на поставените прашања.
КОЈ УПРАВУВА СО ПЕЛИСТЕР? ПРАШАЊА ШТО ЈА ТРЕСАТ БИТОЛСКАТА ЈАВНОСТ
