ТЕРА

REKLAMA???

„КРЕАТИВЕН ДЕН“ ЛИНК ПОМЕЃУ ОБРАЗОВАНИЕТО И БИЗНИС СЕКТОРОТ

Вечерва во Офицерскиот дом во Битола се одржа креативен ден, на кој можеа да се видат модни креации на ученици и нивните професори, заедно со модните креатори.

Организатори беа СОУ „Таки Даскало” – Битола и Продукција „Божиловиќ” во соработка и поддршка со ЈОУ Културен и информативниот центар Битола.

Главниот збор го имаа средношколците од текстилната струка во СОУ „Таки Даскало” – Битола, заедно со локалните модни креатори според претходно зададена тема од професорите, а оригиналните модни креации ги носеа познати дами од градот.

Настанот претставува линк помеѓу образованието и бизнис секторот, а организаторите поддржуваат и поттикнуваат претприемништво кај младите и валоризираат домашни брендови.

Повеќе за овој настан ќе гледате во некое од изданијата на Ритамот на градот на Тера Тв.