ТЕРА

REKLAMA???

КРЕАТИВНИ КРЕАЦИИ НА МОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СКОПЈЕ

Втората сезона на најголемиот моден настан во Македонија  започна со свеченото гала отворање на синиот тепих и три автентични ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Под името „Ти можеш, ти си силна“, познатата македонска дизајнерка Маја Кикириткова, чиј потпис е на брендот „Eleazar“, на многубројната публика ѝ претстави уникатни креации скроени за самоуверени жени. Елегантната црна, златната и сивата боја обликуваа сериозен крој каков што ѝ доликува на една вистинска дама. По неа следуваше ревиското деби во земјата на косовскиот дизјанер Етник Шала, а крајот на првата вечер бликна во светлото на идната генерација македонски дизајнери, студентите на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија – „Скала” [поранешно „Џолев и уметностите”] кои на оригинален моден начин ги нанижаа своите креации пред сите присутни на ревијата.

Со ревиите на Мелани Дигит, Сара Реџиќ, Ателје Краљевски и Роберт Ивановски, се заокружи и вториот ден.

Прва на сината писта продефилира колекцијата „Фигура“ на Мелани Дигит.Понесена од хипи движењето како автентичен печат на нејзиниот бренд, добро познатата дизајнерка Сара Реџиќ повторно произведе специфична колекција со традиционални плетива и мноштво дезени како лајтмотив. Веднаш потоа сите рефлектори се насочија кон приказната на ателјето Краљевски, што пред фестивалската публика даде неосекојдневен приказ на нослива ексцентрика. Крајот на втората вечер го означи Роберт Ивановски, а ревијата на асиметрична машка линија беше насловена „X|“.