ТЕРА

REKLAMA???

КУМАНОВО КАКО БИТОЛА – КОНЗУЛСКИ

Во Куманово  свечено беше отворен Конзулатот на Република Србија. Конзулатот ќе работи на унапредување на односите помеѓу двете земји и граѓаните во области на култура, образование, економската соработка, туризам. Почесен конзул е Владимир Стајиќ, сопственик на фирмата „Супертрејд“, кој годинава на  манастирот Рајчица и донираше црковно ѕвоно и го возобнови кралскиот сет на манастирски ѕвона.

Министри од владите на Србија и Македонија, конзули и почесни конзули и по некој амбасадор, амбасадорката на Србија во Македонија, припадници на српската армија и кадети од белградската воена академија присуствуваа на отворањето на почесниот конзулат во Куманово, а ги пречека градоначалникот Максим Димитриевски.

„Добредојдовте во Куманово. Сакам во оваа прилика во име на граѓаните на општина Куманово да се заблагодарам првенствено што оваа иницијатива за отворање на овој конзулат се трансформираше во нешто конкретно. Куманово денеска го добива вториот почесен конзул, а првиот конзулат. Го имаме Романскиот а сега и Српскиот. И можеби по отворање на третиот ќе станеме како што има привилегија да биде Битола и ние градот на конзулите. Куманово е град на боемите, град со една мултиетничка средина, различен по многу нешта , ни сплотен во едно нешто – да има просперитет, подобар живот за своите граѓани, за своите комшии , за своите пријатели бидејќи нема просперитет за поединец, единствено има за вас и сите околу вас. А тука има една голема нишка која ги спојува Македонија и Србија. Не само Кумановската битка или оак Кумановскиот мировен договор, туку првенствено една нишка на родниски, пријателски врски кои што се ткаат со генерации . Затоа денеска на улиците на Куманово ќе сретнете граѓани кои се презиваат на „иќ“ или „ски“ и  ќе ги прашате и многупати ќе ви одговорат те Србин те Македонец и обратно и не се оптеретени со тоа. “

Церемонијалот на откривање на плочата  на седиштето на најновиот почесен конзулат на србија во Македонија го предводеше Министерот за труд, вработување и социјални прашања на Србија, Немања Старовиќ . Тој во обраќањето пред присутните кажа дека конзулатот дополнително ќе ги зацврсти добрите односи меѓу двете земји во различни области.

„ Мислам дека е од особено гоелма важност тоа што овој почесен конзулат се отвора токму во Куманово , зад што постои силна симболика, но истовремено и бројната српска заедница од  Бројната српска заедница од градот и од Северна Македонија ќе има многу корист од овој конузлат. Вечно нека живее братството и пријателството помеѓу двата народа, соработка во стопанството и сите други сфери на општественото живеење“  – рече Старовиќ.

На отворањето присуствуваа претставници од владите на двете земји, министрот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за спорт Борко Ристовски,  амбасадорката на Србија, Невена Јовановиќ , Вицепремиерот и министер за односи помеѓу заедниците Иван Стоиљковиќ. Во обраќањето истакна дека отварањето на конзулатот е потврда за добрите односи меѓу двете земји, што го потврдува и присуството на министрите од двете земји. Зборуваше најпрвин за новоназначениот Владимир Стаиќ.

„Познавајќи го него и знаејќи не само какви се неговите способности туку и неговата желба целиот овој проект да биде успешен не само во Куманово туку и во пошироки рамки кога станува збор за односите помеѓу Македонија и Србија, сметам дека не очекуваат уште многу работи кои ќе треба да ги направиме во наредниот период и по таа чест и по таа прилика уште еднаш му честитам на почесниот конзул и денешното официјално преземање на функцијата со денешното отворање на конзулатот. Македонската влада има намера во наредниот период се тоа што се односи меѓу Македонија и Србија да ги развива на поквалитетно и повисоко ниво, почесните конзулати се тука само еден дел од големата приказна на можностите кои ги има таа меѓусебна соработка и на крајот на краиштата, таа соработка е во интерес на доброто на граѓаните од двете страни на границите. “

Почесен конзул е Владимир Стајиќ, сопственик на фирмата „Супертрејд“, фирма за увоз и малопродажба на нафта и нафтени деривати,  кој годинава на  манастирот Рајчица  донираше црковно ѕвоно и го возобнови кралскиот сет на манастирски ѕвона. Тој  се заблагодари на владите на Србија и Северна Македонија за дадената доверба за негување посилни релации меѓу двете земји кои и претходно споделуваа заедничка историја, култура и семејни односи, испреплетени со заедничка традиција.

„Упатувам срдечна благодарност до владите на Србија и Северна Македонија за довербата која ми ја дадоа да негувам посилни релации меѓу двете држави. Оваа пригода не е само што го означува отворањето на почесниот конзулат во Куманово туку и значаен чекор во продлабочување на нашите односи во различни сфери од животот. Верувам дека моите деловни врски поизиција во Северна Македонија ќе ја олеснат соработката меѓу нашите земји и заедно можеме да ги подобриме трговските инвестиции и културните иницијативи од кои ќе имаат корист сите граѓани. Својата позиција ќе ја користам да помогнам на уште повеќе невладини организации , културно-уметнички друштва, манифестации кои ја негуваат српската традиција и култура на Србите кои живеат во Северна Македонија. Ќе ги издвојам поддршката за светосавската Академија и последниот мој проект за изградба на локалниот пат до спомен костурницата на Зебрњак. “

Отворањето на почесниот конзулат во Куманово е последниот чекор кон надградуавњето на традиционалните врски на населениети во двете земји низ форматот македонско-српски билатерални дипломатски односи. Од признавањето до денес, Србија е еден од најголемите политички поддржувачи на државава и еден од нејзините најголеми трговски партнери. И односите меѓу црквите се подобрени, а показател за тоа е и неодамнешната канонизација на Св. Стефанида во Битола.