Голем пожар денеска избувна во куќа во битолското село Барешани.
Пожарот се случил утринава, нешто по 8 часот.

Екипи на Територијалната противпожарна единица со три возила го гаснеа пожарот, а полицијата направи увид за да ги утврди причините поради неговото избувнување.
Првичните информации се дека најверојатно причина за избувнувањето на пожарот бил оџакот, што најпрво се запалил и потоа се проширил и ја зафатил покуќнината.

Шеесет и три годишната Елица Стојановска во Новата година ќе влезе без покрив над главата.
Оттука, ги повикува сите хумани луѓе, фирми, невладини организации и здруженија да и помогнат со донации и парични средства на сметката во манастирот Св. Меркуриј во селото Барешани.
500-0000008116-26
4030998349207

















