ТЕРА

REKLAMA???

ЛАРА И ИРИНА МАКЕДОНСКИ ПРЕТСТАВНИЧКИ НА ДЕТСКИОТ ЕВРОСОНГ

По минатогодишниот успех на дечките и девојките од Дајте Музика, овојпат на детска Евровизија ќе имаме женски дует. Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи на 11 декември 2022 година во Ереван,Ерменија. 

Имено јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија ги избра токму нив по предлог на Комисијата, а по претходно одржана Аудиција. Од МРТВ велат дека пријавувањето за аудицијата траело од 14. до 21. јуни, а аудицијата беше одржана на 23. јуни. Тие додаваат и дека со двете девојчиња ќе работи тим од реномирани композитори и музичари.

Инаку Лара е ќерка на виртуозот на пијано, Симон Трпчески. Тие пред извесен период ја промовираа нивната заедничка соработка, преработката на песната „За овој свет“ од Тоше Проески на Златна Бубамара. Песната има македонска и англиска верзија и е снимена во Македонската Филхармонија. Лара покрај нејзиниот татко, придружувана е од детскиот хор подготвен од Тоше Митрев, Влатко Нушев, младинскиот хор Про Арс и хорот на Младинскиот културен центар од Скопје под диригентска палка на Сашо Татарчевски . Во песната се вклучени и елементи од проектот Македонисимо.

 За учеството на Лара на детскиот евросонг Симон истакна: Се чувствувам гордо и среќно по официјалното објавување дека ќерка ми е избрана да ја претставува Македонија. Со среќа Лара и Ирина.

Ирина, минатата година ја преработи песната „Еве ме пак“ од Александра Јанева.