ТЕРА

REKLAMA???

ЛДП ГИ ПРЕТСТАВИ КАНДИДАТИТЕ ЗА СОВЕТНИЦИ ВО БИТОЛА

Коалицијата “Искуство за Успех“, предводена од Либерално-Демократската партија, синоќа во киното “Манаки“ во Битола ги промовираше кандидатите за советници и клучните проекти на кои планираат да работат како дел од идниот совет.

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова од Битола одговори на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека во Македонија постоеле само две опции. Таа од Битола порача дека постои и трета опција и дека таа трета опција се всушност граѓаните на кои што им е преку глава од лево и десно и од една иста понуда преку 35 години. Таа рече дека кампањата ја почнуваат од градот на конзулите. Нашата мисија е да изградиме поправедно, пофер и подемократско општество, општество водено од либерално демократски вредности, рече Зајкова.



Носителот на листата Димитар Кузмановски посочи дека ЛДП има луѓе кои знаат како се раководи со институции. Институциите кои ги прездовме со долгови, нарушени меѓучовечки односи и руинирани, направивме да бидат гордост за Битола и вистински сервис за граѓаните. Но, денес рече институциите се пак со долгови и се неориганизирани партиски дувла на послушници.



Еден од клучните е проектот „Битола град на велосипеди“ – проект преку кој советниците од ЛДП уште од првиот ден од општината ќе бара да се набават 200 велосипеди. Нивното изнајмување ќе биде по ниска цена достапна за граѓаните. Ќе се продолжи со изведба на велосипедски патеки низ сите булевари и улици каде условите дозволуваат. Целта е растеретување на сообраќајот во центарот на градот и поеколошка животна средина, рече кандидатот за советник Александар Цветковски.



На промоцијата зборуваше и кандидатката за советничка Љубица Стерјева која рече дека љубовта кон Битола не е доволна. Потребна е работа, посветеност и резултати. Битола нема време за чекање, рече таа, граѓаните сакаат решенија денес, а не ветувања за утре.


Се собравме за да зборуваме за иднината на Битола, рече Ана Талевска Јолевска, кандидатка за советничка, која посочи дека ако сакаме Битола да биде европски град мораме да почнеме од темелите, воздухот кој што го дишеме, улиците по кои што се движиме и зелените површини. Таа посочи дека меѓу приоритетните проблеми кои мора да се решаваат е проблемот со загадениот воздух со кој Битола со години се бори.