ТЕРА

REKLAMA???

ЛИДЕРОТ ПЕЛИСТЕР ГО ДЕКЛАСИРА ЕУРО НИКЕЛ И ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

КК Пелистер – Еуро Никел 2005 100-83

Четврти натпревар и трета победа за КК Пелистер во Суперлигата. Лидерот одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, на моменти водеше и со 27 разлика и на крајот го совлада Еуро Никел 2005 со 100-83.

Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 23 и Пајиќ со 16 поени, а Малешевиќ запиша 14 поени. Со оваа победа екипата на Марјан Илиевски останува лидер, како и од самиот почеток на сезоната. Во следното коло КК Пелистер в среда навечер гостува во Скопје против МЗТ Скопје Аеродром.