Со утринска богослужба и Света Божествена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Никола,во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, започна одбележувањето на Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски“.












Веднаш по богослужбата започна свечената верска поворка – литието со моштите на светителот Агатангел Битолски, носејќи икони, крстови и пеејќи го празничниот тропар што го предводеа свештеници од Преспанско-Пелагониската епархија, а нив им се приклучија граѓани и верници.

















