ТЕРА

REKLAMA???

Македонија вечерва загуби од Португалија

Македонија загуби од Португалија (0-2) во Порто во рамки на финалниот бараж за Светското првенство кое во 2022 година ќе се игра во Катар.

Стрелец на двата гола за португалската репрезентација беше Бруно Фернандеш. Првиот гол во 32-та минута, а вториот во 65-та минута од натпреварот.

Вечерва не се повтори успехот како во Палермо, кога Македонија ја победи Италија, но ние можеме да бидеме горди на нашите фудбалери кои за првпат во историјата дојдоа толку блиску до Мундијалот.

Покрај Португалија, вечерва настап на Светското првенство во Катар обезбеди и селекцијата на Полска која ја победи Шведска.

фото:  ФФМ