Во ликовниот салон на МАНУ утре ќе се отвори изложба на фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков, руски академик, кој во 1900 година ја предводел научната експедиција на Руската императорска академија на науките во Македонија. Подоцна ( во 1909 год) ја објавил книгата „Македонија” со која се вбројува во редот на врвните светски македонозналци.
Автор на изложбата е Д-р Емилија Апостолова Чаловска , а изложбата е реализација на соработката на МАНУ со ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков со поддршка од Министерството за култура.





















