ТЕРА

REKLAMA???

Македонија го победи европскиот првак Италија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва победи на гостувањето во Палермо, Италија, и го елиминираше актуелниот европски првак од борбата за настап на Светското првенство во Катар оваа година.

Вечерашниот меч беше полуфинале во баражот за Мундијалот, а во финалето македонските фудбалери ќе се соочат со Португалија.

Македонската репрезентација славеше со 1:0 против Италијанците со голот што го постигна Александар Трајковски.

Трајковски, кој инаку е поранешен фудбалер на Палермо, ги шокираше Италијанците со удар од далечина во судиското продолжение, во 92. минута.

Македонската селекција има прилика повторно да се најде на едно големо фудбалско натпреварување откако играше на претходното Европско првенство.

Фото: ФФМ