ТЕРА

REKLAMA???

Македонска џез балада „Странци“

Новата композиција на македонската џез сцена е „Странци“ чиј композитор е Михаил Парушев, а зад изработката на оваа емотивна љубовна балада и спотот стои моќен состав од докажани професионалци. Хаусмастерс  е проект на Parussion групата, скопска група составена од музичари од повеќе музички сфери и бендови кои свират фанк, поп, рок и њу џез.

 Покрај композицијата, Михаил Парушев е автор и на аранжманот и тапанар. Песната е направена во соработка со Драган Трајковски (водечки вокал) и Калина Велковска (придружен вокал), неодамна починатиот врвен џез-трубач Александар Николовски, потоа Зоран Костадиновски (акустична гитара), Александар Краљевски (електрична гитара), Филип Димишковски (клавијатури), Мартин Јосифовски (бас гитара), Маја Павловска (текст). Парушев заврши академија за класична музика ФМУ Скопје. Тој компонира своја музика. Почнувајќи од 1989 година па се досега, тој настапува низ целиот свет со врвни музичари.

Целокупниот проект е вистинско парче џез поезија со љубовна тематика. Песната говори за љубовта, за раздорот помеѓу две души и нивната приказна.  Истата е изработена во студиото на Гоце Стевковски и Ивица Јанкуловски, а за спотот одговорни се Роберт Анев (камера) и Синиша Илијески (видео едит), Милош Краљевски (мастер аудиопродукција и миксета).

„Идеите за песните се мои, одамна планирани да станат вокални нумери. Странци доаѓа како најава за следниот музички проект Срце„, ни изјави Парушев.

Неда Маретиќ