ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНСКИ АКТИВИСТИ ИМ ПОДАРИЈА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД МАЛА ПРЕСПА

Македонските активисти Едмонд Темелко, претседател на друштвото „Преспа“ и Елена Симонофски претседателка на здружението „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ со новогодишни пакетчиња ги израдуваа децата од Мала Преспа.

Новогодишни пакетчиња добија децата од селата Туминец и Горна Горица, Општина Пустец.

Целта на оваа акција на македонските организации е да внесат радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците.

„Ги посетивме Туминец и Горна Горица, каде со многу љубов им поделивме пакетчиња на децата и календари со знакот на ВМРО-ДПМНЕ Албанија. Насмеани лица, топли прегратки и извикување „Среќна нова Година!“ -тоа е нашата сила, напиша Темелко на Фејсбук.

Тој додаде дека Преспа „заслужува повеќе и токму со љубов, посветеност и конкретни дела, ќе продолжиме да го градиме тоа повеќе“.

Воедно, целта на акцијата на македонските активисти е и Македонците во оваа област да почувствуваат дека не се заборавени.

„На радоста на децата ѝ немаше крај, а нивната насмевка за нас беше најголемиот поттик да продолжиме со вакви и слични активности, со кои Македонците во оваа област ќе почувствуваат дека не се заборавени, изјави Едмонд Темелко, по посетата на Голо Брдо.

 

Тој најави дека продолжуваат со ова активност, и притоа додаде дека во организација на „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“, во Корча за првпат се организира македонска вечер.