Празникот Водици традиционално ќе го одбележат и Македонците во Австралија.
Една од церемониите ќе биде организирана од црквата Света Петка во Рокдејл, Австралија.
Од таму најавуваат дека светиот крст ќе биде положен во морските води во Kyeemagh baths.
Храмот Света Петка во присуство на верниците претходно ја одбележа Василица, по кој повод се одржа и света литургија.
























