За Новогодишните празници, наместо скапи и раскошни подароци кои ја отсликуваат материјалната вредност, познавачите велат дека треба да подаруваме мали подароци што ги изразувааат нашето внимание, грижа и желби за среќа.
Таа симболика со подарувањето на мали нешта има и психолошка функција, го нагласува значењето на гестот, а, не, на парите потрошени за него.
Само така се гради атмосфера на љубов, топлина и радост, која е суштината на празничниот дух, велат познавачите.

Малите подароци имаат и емоционална вредност и оставаат подлабок впечаток отколку скапите и импозантни предмети кои понекогаш создаваат чувство на должност или обврска.
Доколку во празничните денови, на саканите сакате да им посветите поголемо внимание и да му донесете радост, тоа можете да направите со нешто симболично-рачно изработен сувенир, чоколадо, свеќа, мала играчка или лична порака.
Ваквиот пристап ја поттикнува креативноста и вниманието кон личноста за која е наменет подарокот.
Честопати токму малите и внимателно избрани предмети предизвикуваат најголема среќа и ги оставаат најубавите спомени од празничниот период.
Познавачите сугерираат дека при изборот на новогодишни подароци, поважно е да се следи срцевата намера, а не цената на подарокот или раскошот, бидејќи токму малите подароци носат радост, блискост и празнична магија која трае подолго од материјалната вредност.

















